па (прил.) - сѐ (прил.)

Големата река од едната страна на стопанството Острово толку многу се смали што дури и децата ја прегазуваа на најширокиот дел, а каналот оти постојано свртен кон пиперките и доматите речиси остана без вода од мовчето преку кое се влегува во населбата внатре па сѐ до спојот со реката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Оттогаш, од тоа мачно и зовриено лето, па сѐ до нашиве модерни времиња кога отпочнаа буните и војните и кога се измешаа народите, друга слична историја не се случила во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од почетокот на нејзиното вработување па сѐ до денес, работничката работи на позиција монтер во производствениот процес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но кога во востанието изгинаа безброј луѓе, селаните решија да ја менат носијата: во знак на жалост оттогаш па сѐ до денешен ден тие носат сосем црни облеки, а бели им останаа само кошулите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Работничката Ф.И. (сега 37-годишна) – која, по нејзино барање, сакаше да остане анонимна, работеше и сѐ уште работи во фабрика за производство на неелектрични апарати за домаќинство, со договор на неопределено време од 1995 година, односно 11 години пред да настане спорот со нејзиниот конкретен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)