пак (прил.) - застане (гл.)

Неговата опашка сега не мавташе весело, туку замавнуваше со големи удари, како да замавнува со сабја; розовите уши му се вкочанија над черепот и очите му светнаа. Рози направи уште еден чекор и пак застана.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пооде Јана по брегот и пак застана, загледана во зелените води на Тиса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ајде понатаму! – го насрчуваа гостите. Но Зоки пак застана.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)