пак (прил.) - земе (гл.)

САВЕТКА: (ѝ ги прекинува мислите). Антице ќерко, ајде врши ја таа работа, пак земи прави нешто друго.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Џипот кашла и свири, а јас чинам остави го детето и пак земи го в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа пак зел да брои жолтици и пак откако изброил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола; Овие, рекол, ви ги давам за кô ќе порасне Драганка и за кô ќе ја мажите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пак зема тесла и отсече ми главата, и не могох веќе да си подигнам главата.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)