пак (прил.) - нема (гл.)

Бугарија и да водеше „самостојна” и „национална” политика, т.е. да беше орудие на Тројниот сојуз против Русија, пак немаше да направи нешто, зашто сега ги нема тие натегнати односи помеѓу нив што беа при Стамболова.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
98. На 18.7.1903 год. и Е.Спространов запишал во својот дневник: „Дури и етничкиот сепаратизам да се прегрне покрај политичкиот, пак нема зошто да се плашат Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Три хируршки интервенции направија и пак нема за подобро.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
МИХАЈЛО: Пак нема да ми зборувате денес? (Пауза) Свињата се фрла од ѕид во ѕид. Ѝ дадов да јаде. Ќе се менува времето.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Од шупло во празно претечуваат цели векови и ќе претечат уште многу и пак нема да им се угоди на таквите како Данте.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И пак нема точно да се знае, како што не се знаело и не се знае – има ли и колкава е разликата помеѓу шуплоглавците и полноглавците?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сите вие дечиња колку што ве имаше во наше маало да се фатевте за раце пак немаше да му ја оградите половината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе скапеш како пес, ќе смрдиш и ќе исчезнуваш и пак нема да се откажеш од мене, од тебе обележана, ѝ велам јас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе му сработи човекот и, се знае, пак нема да му плати данок.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Поовкав, поовкав, поплакав и на гробот од Ѕвездана, ама суво плачење. Пак немам солзи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)