пак (прил.) - почне (гл.)

— Ама време, ааах! — Пак почна да го фали времето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Милан, ти отиде кралицата, бог да ја прости, - се јавува однадвор гласно Саве и пак почнува да свирка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Метрите ни се чинеа долги како километри и кога излеговме на чистина, кога пред нас пак почнаа да се редат оснежените ливади и планини, тогаш се успокоивме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пак почна да го вика и да го бара. Ѕирна под креветот и остана зачудена.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Стануваше претопло, а мојата желба за морето, плажата палмите и летните дискотеки пак почна да расте.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но подоцна сакал да наслика и ѓавол како сушта спротивност на ангелот. И пак почнал да бара модел за ѓавол.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И сега, кога Паско Бачо, возач во пензија, веќе облечен за излегување навечер кон продавничињата кај мостот, во кошула со цртежи од австралиската фауна што некој роднина му ја пратил од Волонгонг, сега кога Паско оптегнат со стомакот напред рече дека широко е почнато копањето, Жабе зина и само рече: „Многу широко“, и пак почна да џвака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога го ослободија градот, тие пак почнаа да водат љубов.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пак почнавме да удираме по стеблото и да буричкаме во ралупот со тенки врбови прачки. Ралупот немаше дно.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ама, тогаш пак почнав да кашлам, да бувтам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш пак почнаа да ми се тркалаат солзи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите молчеа. Офицерот се налути, удри со раката по масата и пак почна да говори.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го зеде кавалчето и пак почна да свири и да оди низ врбакот...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И пак почна да го прашува Сашо. Тој ѝ раскажа како беше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пак се склечка работата, пак почна да чкрта, да не оди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После малку се среди: Англичаните и Французите пак почнаа редовно да нѐ снабдуваат. А имаше и од кај да се купи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали дека пак почна да се повраќа фронтот, да наближува? Не знам... ***
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)