пак (прил.) - сака (гл.)

А' виде ли ти, лесицата една? Отаде — одовде, пак сака да го виде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тиа што ќе откинат и побегнат, да не можат да се вратат веќе, макар колку аскер и заптии да доведат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потем, тие ниту требаше ниту пак сакаа да тргнат потамина.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Организацијата пак сака друго: Секој наш човек — рисјанин — да постане јатак, секој да постане селцки кумита; дење да ора и копа, ноќе да тргне со тебе да ти помогне во твоата работа ако ти е тешка сам да а свршиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со прво беше направил еден крст на едно дрво, од некое суво дрвце, за да го познава местото, чунки ќе одел како внатре во адата, за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од човека, пак сакал да се врати назад кај изворот за да поживее тамо со емишот што бил на дрвата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)