пак (прил.) - трча (гл.)

Пак трчајќи фатив ново такси. На автобуската набрзина земав билет и среќно заминав за Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И пак трчаа, а од грлата им гргореше непресушна смеа. Каква чудна августовска вечер!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред моите очи се вртеше в круг жив пламен, тоа го видов, не зелен каков што можев да го сонувам, туку, ти велам, жив, од куп лелеави и жолтоцрвени знаменца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гореше човек и врескаше, паѓаше и стануваше. И пак трчаше кон ветерот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А пак трчаме да му го земеме на другиот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пак трчаме, очи ќе извадиме. Ко биволи по крава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само ќе истрчаат од окопите, ќе испукаат и пак трчечки ќе се вратат в окопи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако легнам, срцево ми трча, трча, па ќе го снема, ќе прескокне нешто и пак трча, кој знае кај трча и од кого бега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Станувам. Ајде сега назад. Пак трчам, и пак не знам кон каде. Така ме завиделува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)