пак (прил.) - чека (гл.)

Сега пак чекаме в окопи. До ново нареѓење. Тука ни дојдоа и два алжирски полка, на помош.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Поседнале со темни мисли под јакуцките на гуњите да сраснуваат до суровост со изѕемнатата земја, колку-толку заштитени од студот со веленца и кожи или черги, и пак чекале без сигурни предвидувања како ќе се заврши сето тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Запалиле огнови и се собрале околу нивното крцкаво и шушкаво потрепетување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)