пак (прил.) - уште (прил.)

Полека говорел за да може да го разбере по движењето на усните што сакал да каже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѝ рекол да се врати, го повторил тоа уште еднаш и пак уште еднаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ти удрат неколку, а потоа пак уште неколку за да не ги заборавиш првите. За секој случај.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И пак уште тројца не го продолжија патот: рамностапалчестиот Марко Марикин, песнопоецот Блаже Задгорец и Гидеон Кузмановски, првите двајца со по еден вол, вториот со ѕевгар: не можеа да ѝ го земат од јамка на смртта килавиот Јаков Иконописец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, само една ѕвезда не се запали над земјата. Иконописецовата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Па пак уште еднаш за времето и шуќур – крај!
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)