пак (прил.) - би (чест.)

Папазова, која сега е невработена и која досега има учествувано и во неколку работнички штрајкови, и покрај добиениот судски спор – поради недовербата кон нашиот судски систем, вели дека доколку во иднина, евентуално ѝ биде повредено одредено работничко право – двапати ќе размисли дали пак би се впуштила во ваква „авантура“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После сето ова, таа решително 212 изјавува дека доколку во иднина повторно ѝ биде прекршено некое работничко право, без двоумење пак би тужела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Благодарение на средствата кои ги доби како последица на позитивно разрешениот судски спор, операцијата за пресадување и заменување на оштетената рожница со нова, како и пост-оперативното лечење, станаа реалност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Папазова е за одбележување затоа што укажува на тоа дека поранешните работници, кои поради разни нанесени неправди си одат од кај работодавачите – сè уште имаат можност, по судски пат, да си ги остварат правата кои им следувале, иако повеќе не се водат како вработени во тоа друштво!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)