патем (прил.) - го (зам.)

Го премолчев она, што патем го помислив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некој патем го прочита хартијчето што му падна од челото, го одбележа во книгата, ја тутна молитвата во џебот на дедо Васја: „Немој да ја загубиш“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бошка патем го мачеа рој мисли: „Ова што ми велат да го предадам не е лошо, ама ја ако не успеат да го отепаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Капакот летна по вториот удар - дедо Васја седна во гробот во свечениот црн костим, крчеше со устата без половина заби.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Требаше, сега ти можеш многу добро да го знаеш тоа, требаше, со чекичот, што го имаше заборавено в појас кога тргна по коларот, а патем го пронајде таму и го зеде в рака да не ти се истресе некаде, требаше, со тој чекич, што се меткаше сега во твоите празни, издолжени, тешки и увиснати раце, требаше со него, по главата и да го пропаднеш на днуземи, тогаш, додека стоевте.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Патем го зеде палтото од закачалката. Костумот овојпат не го спомнаа, а и двајцата помислија на него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)