побрзо (прил.) - напред (прил.)

Кадилницата во раката на клисарот Пенчо Славев чури, ја мавта се посилно и побрзо напред- назад, мисли така ќе ја забрза и молитвата на попот Сречко, само што овој не брза, работи според целиот божји ред, а и каде да брза, и жената и детето веќе му ги беше зела болеста, па тој и немаше друга цел освен таа: што посвечено и подостојно да му се заканува со божји зборови на злочестиот кој изгледа се беше притаил зад огновите на болеста.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)