побрзо (прил.) - одошто (сврз.)

Добро ми одеше текстот и го напишав побрзо одошто очекував – рече и праша дали сме ручале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Здраво! Арриба, арриба! Адиос! (Исчезнува побрзо одошто се појавува.) Ха, а баш зборевме за уметнички души!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јас никогаш немам прочитано ниту еден нејзин текст.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Рашела ќе поиташе кај своите и ќе се вратеше побрзо одошто очекуваше кој било од нас.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зборуваше со тон што не се запаметува но видливо побрзо одошто усните можат да му изговарат па изгледаше како малку да пелтечи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Многу брзо по она негово враќање, побрзо одошто можеше и да се претпостави, братучедот повторно замина во оној ист правец, или, поточно се врати таму од каде што беше дошол, ѝ се врати на смртта, но овојпат тоа враќање или зминување беше засекогаш. ...
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)