повеќе (прил.) - сила (имн.)

Кога не можеше повеќе да остане притаен на својата само за една педа недофатлива височина за нивните скокови, во која неретко, само за еден кус миг, успеваа и да си ги впијат своите муцки секоја од тие отскокнати и спалавени дивинки; кога немаше повеќе сили да остане ни со затворени очи над тој ужас, тој пукна во самата средина на тоа клопче пред себе и сега веќе не успеа ни да ја додржи пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Завивањето престана; човекот немаше повеќе сила за ништо друго, освен да се држи за столпчето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таинот им се зголемуваше и со тоа добиваа повеќе сили да издржат докрај. – Уште има луѓе за бога – велеше Јован Сирмев кога во Воден им дадоа по два сомуна и по парче сирење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)