повремено (прил.) - доаѓа (гл.)

Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Волчешкото завивање повремено доаѓаше од северната страна, од долот меѓу Грамадна и Чукарот, и се чинеше засилено и доближено, од што во кошарата веќе се чувствуваше вознемиреност на добитокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По другите клупи околу нив нема никој, само тие двајца и се чувствуваат како некој самотен остров одвоен од светот и реалноста; само повремено доаѓа шум од реката и по некој клик на птица од дрвјата од кои се рони жолтеникав прав и ја покрива патеката.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)