повремено (прил.) - плуснува (гл.)

Има само едно дрво на крајот од нивата но под него седат кметот, жена му и децата; кметот дреми и повремено фрла поглед кон аргатите да види дали жнеат и колку ожнеале; под сенката лежи и нивното куче кое збивта со издолжен јазик и измеќарот кој се врти околу огнот и му вари кафе на кметот; крај стеблото е врзан коњот кој стои како отепан од бога; ниту јаде, ниту помрднува, а само повремено плуснува со опашката терајќи ги мувите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)