повремено (прил.) - му (зам.)

Допаѓајќи им се виното, полковниците повремено му наздравуваа на отец Серафим прашувајќи го за видот на грозјето и староста на виното.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој го виде наконтениот овоземен светец како да стои над страницата на албум од една непозната иднина во која сите што ги познава се поинакви, туѓи и одбивни. Не сфати јасно; сонцето повремено му удираше в очи од напукнатото огледалце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сонцето повремено му светнува на прозорецот како да му пали свеќа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Рада, која повремено му влетуваше во мислите, не ја бараше. Но, и не ја заборави сосема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одеше од десната страна и, наспрема езерото, му ја сеќавав и повремено му ја гледав неговата става.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)