повторно (прил.) - замине (гл.)

Кога разбрануваната маса во Ефес конечно се смири, не заради верата во Бога, туку заради стравот од Рим, повторно, по којзнае кој пат омален со духот од тага поради тесната врата кон Спасението, која слепоста на неговите браќа ја заклучуваше и ја замандалуваше со своите идоли од злато и од сребро наместо да ја отвора со својата љубов, тој повторно замина за Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Многу брзо по она негово враќање, побрзо одошто можеше и да се претпостави, братучедот повторно замина во оној ист правец, или, поточно се врати таму од каде што беше дошол, ѝ се врати на смртта, но овојпат тоа враќање или зминување беше засекогаш. ...
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)