повторно (прил.) - погледне (гл.)

Уште веднаш ми стана страв да ја гледам и повторно погледнав накај чинијата, но го слушнав гласот на свекрва ми: - Па, види ја ти Маци, сака ти да ја раниш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
О'Брајан повторно погледна во рачниот часовник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Жената од портретот му се смешкаше спокојно и таинствено на Том и тој повторно погледна назад кон неа, а срцето му чукаше како некаква музика што ечеше во неговите уши. „Таа е прекрасна“, рече.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа излегува и од вратата повторно погледнува кон Богдана и со раката му дава некаков гест да не клонува со духот, да не губи надеж.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Немав каде да одам на друго место.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но кога Винстон повторно погледна скришум во разореното лице на Радерфорд, забележа дека очите му се полни со солзи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)