погрешно (прил.) - сум (гл.)

Ми се чини дека сосема погрешно сум ја искажала својата љубов – како потреба да направам сè што би им помогнало на моите најблиски, и во тоа покажував толку голема усрдност што вам ви изгледало принудно, дури насилнички.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако се споредам со тетка ти, која е „покревка“, „понеспособна“, а на која маж ѝ и децата ѝ ја исполнуваат секоја желба, гледам колку погрешно сум се поставила кон вас.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Право да кажам, не ме заболе, ама страшно се навредив, се засрамив, не можев да си дојдам на себеси и сите убави чувства ми пропаднаа, па почнав да се мразам себеси затоа што погрешно сум се насочила, и си мислев, ете, кога немаш своја мајка – така ти е.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А најмногу жалам бидејќи погрешно сум разбран од Николина Кралева.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)