подеднакво (прил.) - туѓ (прид.)

Близината на селата од каде што се слушаше лаењето на кучињата не ја сеќаваше како некоја утеха – и тие села, и нивните жители, и нивните обичаи му беа подеднакво туѓи, исто толку одбивни колку и шумава низ која одеше, и во него будеа само студ, кој му го штипкаше срцето исто како што овој, надворешниот студ, му ги штипкаше образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Предметите со кои се поистоветувате не ви се подеднакво туѓи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И можеби за првпат во својот живот, тој, кому и помислата на Бог му беше подеднакво туѓа како и онаа дека потекнал од мајмун, се помоли.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)