подобар (прил.) - во (предл.)

Секогаш е подобро во нашиот живот да зависиме од нешто што не зависи од нас.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но кога погледа подобро во списокот што Никола го држеше во рацете закима со главата: - Ако, ако...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па го чекаш својот капетан во чамец, или подобро во јахта, кој доаѓа да те спаси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Сè ќе биде подобро во иднина.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Им пречеше да одат погоре со своето заостанување, никој не сакаше ни да се подзагледа подобро во него за да види што е.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најречовита и најсамосвесна забелешка, би рекол, му е следнава: „Но, причината поради која белците ја сакаат иронијата е што таа им овозможува да се си се позабавуваат и да им биде подобро во сопствената кожа“.419 Таквата иронија им овозможува на успешните шизички стрејт-белци, вклучително и на Ландер, да се справат со срамот поради тоа што се повластени и белци дистанцирајќи се од културата во која веќе спаѓаат, тешејќи се со можноста дека не се докрај вмешани во неа, ставајќи се над неа и надвор од неа благодарение на тоа што имаат критички поглед, како и преку идентификување со маргинализираните луѓе, што им овозможува и понатаму да си учествуваат во неа со почиста совест.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не сум баш сигурен дека многумина од нас би го прифатиле тоа како добар опис на кампската иронија, која – барем онака како што ја опишав – не им остава на своите практичари многу простор за самоизземање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја напишал „кландер“ (Кристијан Ландер), основачот на страницата, а во неа се изнесува извесен хипстерски поглед на белците хипстери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ландер, кој е Канаѓанец и кој се опишува себеси како „недокториран докторанд“ што живее во Лос Ангелес, има да каже разни занимливи и забавни работи за прашањето зошто таквите луѓе ги привлекува иронијата, зошто иронијата има толку значајно место меѓу работите што ги сакаат белците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Мене ми е подобро во кафезот што сончевите зраци го плетат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Секогаш е подобро во нашиот живот да зависиме од нешто што не зависи од нас.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)