подоцна (прил.) - ја (зам.)

Оваа појава подоцна ја доведував во врска со нашата постојана балканизација, односно ропскиот менталитет кој не дозволуваше да излеземе од орбитата на деспотската власт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа состојба подоцна ја опишал како „раб на хронична халуцинаторна психоза“. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 153
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите работи во животот на човека се случуваат како непознато писмо, како пораки што дури подоцна ја откриваат својата смисла.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Беше сигурно дека бев наследил дел од татковата тишина која подоцна ја откривав меѓу редовите на неговите дамна читани книги, во дамките разлеана пепел од тутунот на занесните читања како негово живо присуство, многу години по неговото исчезнување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)