подоцна (прил.) - сѐ (прил.)

- Навистина те познавам – ѝ велам – но многу си далеку.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А малку подоцна не бев сигурен од каде наиде и она, најпрвин сосема нечујни а подоцна сѐ појасни и појасни гласови : - Не, навистина немам уште сретнато човек кој сонува буден – беше тоа глас на позната жена, а не можев да се сетам која?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)