полека (прил.) - да (сврз.)

И кога почна Доста полека да оди, полесно да крева, да не се уморува, кога пак почна кисели сливи да и бара, Митра беше веќе начисто, дека оваа „орјатка" ќе окучи некое кучило на свет и почна да се жала: — Тих! аир да не сторат во очите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш, наеднаш замавна со гудалото во воздухот и почна полека да се оддалечува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега внимателно Србин ја здобави и тамам почна полека да ја врати матарката за да може камчето со лизгање некако да излезе одвнатре, кога, оној од зад ѕидот рече на цел глас: - Што се шуњате овде мајку вам вашу!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бремето сѐ повеќе се оддалечуваше, со себе носејќи ја нејзината болка, оставајќи можност на спокојот полека да се избиструва.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зениците на малиот крадец се раширија уште повеќе; престанувајќи полека да бидат слепи, тие ги одлепуваа предметите од мракот сѐ додека не се задржаа на големата и таинствена каса на ќошот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гаврил од САД се јавуваше секој ден. При едно негово јавување на Скајп те замолив полека да станеш и да одиме до детската соба, до комјутерот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога уште еднаш се исправи, канџестата шепа почна полека да се повлекува, оставајќи ја зад себе распространета и долготрајна болка, предизвикана од почетната претрпена повреда. Но болката не исчезна целосно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„... По смртта на Ѓунијата, времето како да почна лека – полека да не работи во корист на Еда Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Отец Стефан полека се приземјуваше; жилата веќе не му чукаше како ровја на вратот, и почна полека да го обзема блаженство, оти стануваше збор за неговите заслуги.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На пирустија клала грне со грав, кромид и пиперка, полека да се вари.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Полека да крка на спуза сѐ додека не се подигне кајмакот и кога просторијата ќе се наполни со мирис, тогаш се тргнува настрана, малку се остава да одмори од вриењето и полека се сипе во филџанот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јас не сакав, а тој почна полека да ми вика зашто сум му се спротивставувала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш почнавме полека да ја насетуваме прекрасната вистина, односно причината за нашата тајна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сè додека Господ ни дава сила, ќе продолжиме да зашрафуваме челични греди, да ги редиме една врз друга, сè повисоко и повисоко, а по нас, ќе продолжат нашите синови, и никој од рамниот град Париз нема да дознае, обичните смртници никогаш нема да го сфатат тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зафати водата полека да истечува, да се впива во земјата, да се повлекува од дворовите, да ги ослободува заробените куќи, луѓето, добитокот; се покажа виножитото, па и тоа како да шумкаше колку што можеше, задува ветер, па и тој започна да ја суши земјата; излезе и сонцето од облаците, па и тоа почна да ја цица земјата; излегоа луѓето од куќите како од Ноевиот ковчег, се бацуваа што го преживеаја овој потоп, оваа несреќа; се јавија и птиците што беа скриени некаде, се нафрлија да клувкаат на сѐ што ќе видеа за јадење; се грабеа, се биеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)