помалку (прил.) - опасен (прид.)

Овие луѓе не се помалку опасни за Бугарија од мисирковштината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Работодавачот е должен да планира мерки и средства за обезбедување развој и унапредување на безбедноста и здравјето при работа и за менување на постојните технолошки процеси со помалку опасни, односно со побезбедни процеси (чл. 8, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во рамките на неговите обврски, тој мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените – вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства. (чл. 5, ст.1 од ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некои психоделичното сликарство го споредуваат дури и со творештвото на Кле, Блејк, Бројгел и Хиеронимус Бош, уметници кој поседувале таканаречен психоделичен сензибилитет, црпејќи ги своите инспирации и содржини од истите предели на несвесното, но без употреба на дрога, што значи дека до креативното несвесно може да се допре и по други, помалку опасни патишта. 154 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Умираат од загадениот воздух, се трујат од тие хемиски средства со кои човекот ги прска растенијата, а голем број страдаат од несовесни ловци, оние со вистински ловечки пушки, но страдаат и од помалку опасните воздушни пушки што најчесто се наоѓаат во детски раце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)