понатаму (прил.) - трага (гл.)

Геј-мажите и понатаму трагаат по свои прикази и по одрази на своето постоење во културните творби, а заинтересирани се да дознаваат за други геј-мажи од минатото и од сегашноста, да откриваат како геј-мажите си ги раководеле животот, љубовта, борбата за слобода и за достоинство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, во книгава малку се кажува за машката геј-култура од оној изворен вид, за она геј-културно производство засновано врз постоењето на геј-идентитет и врз способноста на претставителските практики да го пренесат; книгава речиси исклучиво се занимаваше со машката геј-култура од поткултурен подвид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако името ветува дека тој прирачник е за геј-сексот, книгата, всушност, била замислена како сенаменско упатство за машкиот геј-живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од изворната машка геј-култура не почива врз идентификацијата со негеј-ликови и со негеј-општествени и културни облици, туку врз самиот машки геј-идентитет и врз трудот тој да се истражува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Впрочем, во голема мера ја земаше здраво за готово претставата дека машката хомосексуалност како културна практика се состои од низа поткултурни реакции кон главнотековната култура – имено, од запоседнувањето и преозначувањето на хетеросексуалните облици и артефакти. ‌Но, тешко дека сакам да го одрекувам и да го потценувам постоењето на геј-култура што ја создале гејови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)