понатаму (прил.) - дека (сврз.)

Таа цврста подлога особено ќе ја ползува големиот мислител Рене Декарт, во како што истакнува авторот, Ото Клем, „Откритието на свеста како основен психолошки факт“ кое не било направено пред Декарт, додавајќи понатаму дека со него започнува „развојот на модерниот поим за свеста“.2 „Модерниот поим за свеста“, всушност подразбира познание за себе како продукт на интроспективно набљудување, односно софистициран процес на рефлексија на сопственото искуство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Впрочем, христијанското учење за душата и телото создава цврста подлога за изградба на типично, до денешен ден длабоко присутно, сфаќање во западната цивилизација за дуалистички пристап кон односот дух-тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како што јавив со телеграмата Стр. Пов. Бр. 57 и сега обрнувам внимание дека (сме): ние повторивме дека треба да се избегнува и да се истакнува фактот дека Америка не се согласува“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дан ми рече понатаму дека имало намера државниот секретар Хал да даде изјава во таа смисла, но во тоа го спречуваше единствено што наоѓаат дека е штетно по општите интереси да покажат дека не се согласуваат со англиската политика.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нема ништо да ѝ каже. Нека мисли и понатаму дека ја нашла среќата. Најголемата среќа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)