попусто (прил.) - бара (гл.)

Мислев дека средбата ќе има некаква цел во врска со најавата од претходниот ден и дека од мојот претпоставен ќе добијам одредени инструкции, но во неврзаниот разговор попусто барав нешто кое би можел да го протолкувам барем како мал дел од она што го очекував.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јазикот попусто бара вистински збор што ќе го оживи дамна мртвиот благослов.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но попусто молел, попусто барал, лепчето не се јавило, го изеле преку денот птици или животни.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)