попусто (прил.) - го (зам.)

Овде е пострашно од пеколот на Данте со векови реки се полнат од плач но пирејот повторно расте и расте попусто го корнат им пркоси пак
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Интересна жена. Попусто го спомнуваш нејзиното име. Таа не е болничарка, болнику мој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ќе дојде – ѝ реков толку сигурно што дури и се уплашив да не сум премногу убедлива, па Лета да се разочара уште повеќе ако симпатијата, не ѝ се појави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се допаѓа едно „типче”, но еве веќе трета вечер попусто го чекам да се појави, а него го нема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тој појде по вас и рече дека сака да ви помогне, тивко, скоро срамежливо плачела жената.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Попусто го задржував. Отиде да ги остави коските в пустина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зарем попусто го тепав оној пат? Дури до Загреб!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А времето најчесто попусто го губиме, го пуштаме да си тече како нешто сосем безвредно.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мајка ми попусто го убедуваше да ги остави козите и Чанга, да не ги повлекува сите во пропаст. Жртвуваните нека останат жртвувани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)