порано (прил.) - ја (зам.)

Наместо скали имаше рампа која порано ја користеле за коњите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сепак, тој лично се обрати до новоизбраниот претседател на Уставниот суд на РМ (Б. Наумовски, кој порано ја извршуваше функцијата Народен правобранител т.е. Омбудсман) – а кој беше запознаен со проблемот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова Љ. Н. не се обрати до Трудовата инспекција затоа што немаше доверба во овој орган и за кој, како што вели, „знае за многу проблеми, а буквално ништо не презема“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку што порано ја сакаше, сега триж по толку ја сакаше, а колку што опулот негов беше празен без нејзината убавина, толку душата му беше полна со меракот по неа, небаре меракот беше ѓум3 кој без престан се прелеваше под чепурот на севдата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Морам да признаам дека оваа порака ја сфатив а и порано ја сфаќав како правило до кое треба стриктно да се придржувам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)