порано (прил.) - тука (прил.)

- Тешко се повредени? - Не. Мртви се. Веднаш ги закопаа покрај џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Порано тука се учеше на српски. Ако останевте во Војводина сигурно ќе учеше на српски или, не дај боже, да не побегнела мајка ти наваму туку да останела во другата Македонија што е под Грција, ќе мораше на грчки!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И дали била и порано тука, се прашуваме, или некој од нас ја донесол, ја внесол. Со опинците, со алиштата или со дишењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Високиот, мајчичето негово, сакаше да стигне порано тука, во Елбасан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Веднаш потоа од него се изгуби и јазовецот кој порано тука се плодеше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веднаш потоа од него се изгуби и јазовецот кој порано тука се плодеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можеше да разбере зошто момчињата ги нема сега на полјанката; не се слуша нивната борбена песна, ги нема ешалоните да маршираат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)