порано (прил.) - дека (сврз.)

Но откако ги прочита, тој знаеше посигурно од порано дека не е луд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледаше како да поседуваат некој инстинкт кој ги предупредуваше неколку секунди порано дека наближува ракета, иако ракетите патуваа наводно побрзо од звукот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бриж - град на тантели Сум слушал од порано дека Бриж е град на Тантели.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Знаеше од порано дека таткото Хрант починал и сега во книжарницата ги виде синот Арамен и ќерката Алиса Самуелиан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не верував во верност, Оче Симеоне. Нели ти кажав порано дека последниот заб гниел во челуста на тој некогашен цар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Значи, гласовите што се слушнаа порано дека ова би можело да се случи, излегува дека биле точни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како не ми текна порано дека можеби е тоа, дека можеби паднало во мојата ногавица од нејзиното работно биро.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Знаев и порано дека тука луѓето доаѓаа секоја година.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Па ни тој самиот не кажуваше како порано дека од мака го прави тоа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Впрочем знаете и од порано дека зборот е самиот човек, кога човекот ќе го снема во некој од идните денови зборот ќе го објаснува и него но и времето во кое е создаден, укажувачки истакна професорот Седларски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)