поретко (прил.) - ја (зам.)

Секогаш ги раскажуваше истите нешта: како нивната мајка го исфрлала бесот врз сестра му уште кога таа била девојче, како Клара била претепувана кога организирала протести за правата на жените, децата и работниците, како полека нејзината храброст и бодрост се претворале во затворање на својот испразнет свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ поретко ја посетував Клара. При тие средби, додека таа и јас седевме една спроти друга, Густав ја прекинуваше тишината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега таа помагаше во домовите во кои живееја жените избркани од своите сопрузи и во домовите за деца без родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)