посебно (прил.) - нагласи (гл.)

Тој посебно нагласува: „основно е дека ниту еден член од нашата организација не треба да има ништо со овој човек и секој интерес што би произлегол како резултат на локалните контакти или обиди да се заинтересираат нашите членови за него мора енергично да биде обесхрабрен.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Посебно нагласил дека не постоела никаква “гранична контрола во областа и групите на ЕЛАС и на ТИТО веројатно се во состојба да ја преминат кога сакаат“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој посебно нагласил дека политичкото и военото раководство на НОВ и ПО во Македонија, имајќи го предвид горчливото искуство од минатото и ударите на соседните балкански држави, се залагале и се бореле Македонија да стане "членка на една силна федерација на југословенските држави".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вториот извештај заслужува собено внимание бидејќи се однесува на опсервациите на Патрик Хачисон Еванс, член на британската воена мисија за делот од територијата на Македонија во рамките на Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ова тој го поткрепил со констатацијата дека во случај да биде „обелоденето дека Британците се во контакт со него на кој и да е начин, преку кој и да е канал, на најважните политички односи што јас ги изградив во Бугарија во изминатите четири месеци би им била нанесена непоправлива штета“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)