посебно (прил.) - го (зам.)

Стариот газда посебно го сакал Григура, покажувал поголема грижа отколку за своите деца. Нико Кочо го одврзал ќесето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Темата на жртвата, без оглед што фала му на Севишниот, лично ја нема искусено, ниту тој, ниту неговото семејство, посебно го преокупира рабинот бен Цви.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Музиката посебно го облагородува човекот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Со мама ќе се гордееме, кога ќе настапувате на училишните приредби.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Критичарката посебно го спомена „неприродниот мир на ‘Водениот виор кај островот Фенвик’, морето без пена и безгрижните капачи весело несвесни за надоаѓањето на вртложниот облак, или рамнодушни кон него”; исто така, „вознемирувачки крвавите преливи на ‘Баричката роса’„.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Настаните кои се случувале на територијата на Македонија под Грција посебно го привлекувале вниманието на британските воени мисии, особено откако Македонците “станале несигурни и сакаат независна Македонија“ и по “заминувањето на некои партизани во единциите на НОВ и ПО на Македонија342“. 343
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Нивното внимание посебно го привлекло одржувањето на „состанокот на партизанските лидери и делегати од грчка Македонија“ во Битола на 3 декември 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓу останатите информации една посебно го привлекла вниманието на Меклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа преокупираност е во средиштето на Уводот во потеклото на геометријата, текст што посебно го преведов затоа што Хусерл во него се сосредо­точува на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, вистина е, и во тоа сѐ повеќе верувам, дека по неговиот пример и јас се упатив во друга насока.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од овие денови Бојан посебно го засака шумарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во споменатиот извештај до министерот за надворешни работи Делкасе, тоа тој посебно го истакнува: „Но, јас морам да им оддадам признание за напорите сторени од страна на нашиот генерален гувернер, за да го задржи настрана муслиманското население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Посебно го занимава секирата потпрена на влажниот ѕид.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но ние посебно го цениме вашиот придонес во односите со Арафат и Палестинската централа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот, откако испи од вискито и млекото, со одмерен тон продолжи, помина на главното на вообичената средба: Вие, амбасадоре, имавте успешна мисија во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зборот со турско посредство стигнал од персиски, во кој придавката cini значи кинески, односно порцелан, но со оглед на тоа дека тој исклучиво доаѓал од Кина, која на персиски се нарекува Cin.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски посебно го задржа своето внимание на турската заемка чинија (танир, пајнца), со потекло од персиски çini, откривајќи дека со ова име на Балканот долго време се нарекувал и самиот порцелан (најпрефинетиот вид на керамиката, т.н. бело злато). Зошто? се прашуваше Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова последново посебно го ценеше неговиот претпоставен, директорот на Прифатниот центар Стево Трајчов.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Винстон посебно го иритираше тоа што во вревата од гласови одвај можеше да чуе што кажува Парсонс и затоа мораше постојано да бара да му бидат повторени некои глупави детали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што авторот посебно го дотолчуваше беше помислата дека може да се работи за некоја баналност на која авторот, ете, не може да се сети.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За Татко, кој бараше излез од егзилот со враќањето во родната земја, сега ова враќање на јагулите низ новата генерација, посебно го привлекуваше како остварена парадигма во природниот универзум, чија смисла како да беше загубена за човекот, небаре изгубен рај.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко посебно го плени Игоровото кажување за вечниот континуитет на животот во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„За разлика од кај нас во градот, овде вистински владее, оној, како што го викаат, Снежник“, му дојде наеднаш, или успеа да го откорне од некоја далечна бразда во главата името на месецот што неговата тетка Боса посебно го почитуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Познато ми е дека ваквите пикантерии посебно го соблазнуваат нивниот началник и пријател Грофот – ми шепотеше во увото Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Она, дека Господ посебно го цени личното присуство на молителот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Големо беше моето изненадување кога еден млад албански новинар, Алтин Раџими, неколку години по падот на диктатурата во Албанија, ги беше прочитал моите објавени романи на француски јазик, но своето внимание, на мое големо изненадување, посебно го беше запрел на Атеистичкиот музеј, посебно на сцената од атеистичкиот музеј во Скадар, односно на експонатот за душата, кога водачот Х.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На вториот ден од Конгресот, 7.000 Словени од Питсбург и од околните места се собрале во паркот Шенли за да го следат излагањето на министерот за внатрешни работи на САД, Харолд Икс, кој пристигнал како гласноговорник на претседателот Франклин Д. Рузвелт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Она што посебно го привлекло вниманието на разузнавачот било "македонското прашање", кое на Конгресот било поставено "третиот ден", од страна на бугарската делегација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Она што особено го потенцирал од излагањето на Темпо е дека тој истакнал дека "желба на цела Македонија е да се обедини во една федерална држава во рамките на федеративна Југославија", поткрепувајќи го тоа и со искажувањето дека самиот лично поминал: "низ македонската територија, која се наоѓа во рамките на грчката држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговото внимание посебно го привлекло осврнувањето на Темпо на "македонското прашање".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
При обраќањето до присутните, тој посебно го нагласил исполнувањето на даденото ветување од Првиот конгрес, дека Американците од словенско потекло ќе работат неуморно за исполнување на производните задачи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Известувачот не можел да утврди "кого точно претставува оваа делегација", иако на нејзините членови им се обраќале како на "делегати на бугарскиот народ".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)