посебно (прил.) - ме (зам.)

Без колебање, откако од далеку се поздрави со Милета, им пристапи, рече: „Миле, посебно ме интересира дали некој од твоите пријатели чул за некој Едо Бранов! За такво име?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се разбра дека како непожелна, посебно ме трертира неговата помала сестра.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нека биде кај тебе, велам, на местото на црно-белиот, а јас ќе гледам кога ќе има некоја емисија што посебно ме интересира.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Добро, добро, но не е сѐ толку црно - се обидов да ги разгонам грдите мисли на Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Најсетне и Иван самиот сфати дека згрешил. Ми рече дека непотребно избрзал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека сепак се повел по своите инстинкти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговата смиреност посебно ме насрчи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што посебно ме привлече во твојот оглас е тоа што истакна дека ја сакаш епохата на романтизмот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сигурно нема да се мавтам со некој кој цела вечер ќе ми објаснува колку делови имал моторот на фолксваген.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако не била заклучана и ако не бев тропал на таа иста врата (можеби со денови), зошто на многу места на десната дланка заедно со болката израснале и плускавици, слични на зрна од црно грозје?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Она што ги негираше сите правила а мене посебно ме возбудуваше беше фактот дека јас бев единствениот кој можеше да ги види.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А пред тоа нели бев веќе сфатил многу, многу обични нешта, а помеѓу нив, посебно ме зарадува веста дека Катерина ќе ми обезбеди соба, и тоа овде, во центарот на градот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во романот Времето на козите посебно ме плени специфичноста на балканскиот роман кој ми е познат и од други автори.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А посебно ме порази она, дека конечно одлучила да ѝ се придружи во работата на Росана?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)