посебно (прил.) - убав (прид.)

Ноќва е посебно убава речиси совршена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ми беше некако посебно убав, не дека беше донесен од Холандија каде што тој живееше, туку искрено, ми се допаѓаше како ми стои.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Небесната тишина осветлена од безбројните ѕвезди ја буди во мојава безнадежно романтична душа носталгијата по тоа одамна изгубено време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А „Горица“, мислам број 2, е посебно убава затоа што е таква каква што е.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Посебно убав овој пејзаж беше во рана пролет, кога низ штотуку потераните никајци ќе потрчаа и ќе заблееја јагнињата, и доцна напролет, пред што ќе узрееја житата, `ржта и пченицата, и, потем, во зрело лето, кога во веќе узреаните жита, со своите живописни носии и гласовити песни, ќе се појавеа жетварките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)