после (прил.) - нема (гл.)

Ќе вивне и после нема ништо...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од порано мислење, зашто после нема врнувачка?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
После нема комарци, велат, толку им е силата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после нема ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- И чувме дека Бугарите јадат магариња, па и ние едно испековме. Го јадеме со гроза, ама го изедовме. После немавме ни оган, ни магаре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)