после (прил.) - го (зам.)

Никола завитка цигара, ја запали и после го испи кафето.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Петровски беше исто студент, но не ги продолжи студиите, го зедоа право в затвор, а после го интернираа некаде во Бугарија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
После го разгледуваа албумот, ја видоа Јана каква била на дваесет години. Но нејзини снимки немаше многу.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Под името од Коча напиша уште Скопје, а после го подистави малце напишаното и го гледаше откосо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Води го со себе до колибата, после го пушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа и после го немаше во гостинската одаја, меѓу мажите Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А потоа, додека јас ја заобиколував куќата за да стигнам до Северната Порта, тој беше пристасал на срецело. После го видов, ко се поткачив на ѕидот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нацртав на белиот ѕид човек и после го размачкав та тој личеше на весел црнец со големи уши и малку танки нозе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Она пред и она после го остава празно. Заради мене.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк јет и можи син му да го удаи и умри, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раци и умирачка ќе си го наеше, чунки можеше да го врзи Велко со ден сиџим за нога и да се играт со него, како што си играат децата коа да врзуаат врапчиња и чавки.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И не(ј)зе и кажуал Велче оти штркот го удрил со стапчето и после го ватил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ги присобра уште ситните деланки кашкавал, што беа останати во крпата, во која еднаш имаше цела полутина од питата, а после го донесе тука и шеќерот, што беше преостанат во една метална кутија и реши дека сета таа храна може да му стаса сила-сила за уште два полугладни дена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После го крмеше своето немирно срнче и го тешеше да не ги зема толку присрце оние завивања, сѐ додека не се смиреа и не заспиеја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И после го кутнавме телето, а тоа ги раширува очите и ме гледа жално, жално, солзи му се навирале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И после го кутна болеста и мајка, ко дете, го повива, го расповива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после го шврка со камшикот по главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас ова после го чув. Мирче ми кажа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После го поткрена. Го гледам над мене, ко цут од јаболкница го гледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После го одврзавме човекот и го нападивме. По години, се разбра дека избегал во Америка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После го прашуваа потсмевајќи му се со селска итрина во црвените очи: „Зошто не пиеш со нас, попе?“ Шишето се лизгаше од рака до рака, се празнеше, ги извлекуваше пред нивните очи шумските ѓаволи од притаените грмушки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ме остави, после го остави и него.“ Не беше свикната да го види таков, мрачен и скршен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И тој дошол прво да жние и врши, потоа останал момок; после го зеле во манастирот во Света Гора како обичен слуга на сите калуѓери.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се трескав толку силно, што не се препознавав веќе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И кои после го буткаа креветот горе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Треската пак ме обзеде...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие, како што се зборуваше туку по селото, тоа што се собирало од сиромаштијата наша, половината го криеле и Војне наш после го препродавал.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И нејзе ѝ кажувал Велче оти штркот го удрил со стапчето и после го фатил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И така, едни разбеснети Турци, младеж - јас тоа не го одобрувам, ама се сторило - тие разбеснети Турци првин го ставиле на бесилка, а после го фрлиле во распален огин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)