после (прил.) - тој (зам.)

Патуваше Змејко со својот Чилко едно цело претпладне пат под дрвјата, често му слегуваше на коњот и го оставаше да го призачека, додека тој одеше да присобере уште некоја од црвените шумски јаготки, што зрееја по лединките крај патот, а после тој пак му скокнуваше на самарот и продолжуваше да го патува своето спокојно летно претпладневно патување под зелените крошни на високите буки, под синото небо, ишарано со бели ретки облаци...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После тој ми рече пријатно. Без агонија. Без изливи.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не можам да ги пребројам сите оние кои после тој ден, откако ќе ги видеа моите слики, се смееја до бесвест.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но, после тој сепак мораше да се запише.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еј, знаеш ли што значи после тоа проклето Браилово, после тој изминат пат до тука, после тоа спиење по плевни, смрзнат и гладен да се вратиш дома?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ме утеши малку стариот другар, Специјалист за чудни болести, зашто јас, после тој кус разговор постојано сам се утешував повторувајќи: „Тоа заболување е сè уште надежно, надежно, надежно...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само се погледнаа, застанати на портата, а после тој го пушти и старецот без да го покани, отиде под тремот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)