постепено (прил.) - почне (гл.)

Постепено почна да минува помалку време спиејќи, но сѐ уште не чувствуваше потреба да стане од креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така седејќи не знам колку време, гледав втренчено во таа една точка во ѕидот, во која следниот момент од благи сенки постепено почна да се формира лик.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Раните на Рада постепено почнаа да заздравуваат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа што бев ослободена од многу од моите поранешни обврски и што отпрвин ми беше многу тешко, постепено почнав да го чувствувам како пријатна околност.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Подоцна, читајќи книги со шарени цртежи за прекуокеанските освојувања постепено почнав да сваќам дека најуспешен почетен чекор на освојувачите бил што ги збуниле домородците со необичните ситници (повторно, чудесното огледало).
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тој мисли и на оние мажи, каков што е и самиот тој, кои станале полнолетни пред Стоунвол – кога бродвејскиот мјузикл сѐ уште бил жив културен облик,119 а јавната машка геј-култура сѐ уште не постоела – и кои искуството на геј-ослободувањето ги преобразило толку длабоко и неочекувано, што постепено почнало да изгледа „сосема обично што јас, од сите луѓе на светов,“ како што забележува Милер, „сум, ете, во друштво со мажи што носат ремени за кревање тегови, со прстени на брадавиците, а да биде крајно чудно, не само што сѐ уште можам да ја слушнам истата музика што ја знам уште откога бев дете туку и тоа што имало и други, многумина други такви мажи меѓу нив, кои се во истава чудна положба како мене“ (23-24).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За тие задоволства, имплицира Милер, бродвејскиот мјузикл и уживањето со кое тој се слуша би биле неумоливо и беспоштедно погубни. ‌Да скратам, постоунволскиот геј-маж, укажува Милер, е склон да ја третира секоја културна практика што може да му ги разоткрие сопствените архаични настрани чувства, а со тоа и да му ја обнароди афективната структура на сопственото рано субјективно обликување, приближно онака како што „пошироката култура околу него ја угнетува и ја толерира... неговата хомосексуалност“. (27) Со други зборови, според Милер, бродвејскиот мјузикл и срамотната сентименталност што тој ја кодира за геј-мажите постепено почнале да ја означуваат онаа срамна внатрешност што и самата хомосексуалност некогаш ја претставувала.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Постепено почна да го губи тлото под нозете.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Со време постепено почна да ми се пушта грлото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)