постојано (прил.) - бара (гл.)

Во своите барања капетанот Мекдоналд постојано барал чизми, а до јули примиле само неколку пратки. PRO GO 371/43739 R 21785.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сметаше дека е во ред тој, како „ машко“, да добие најмногу; но колку и да му дадеше, тој постојано бараше повеќе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можеа да се споредат овие две работи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Хичкок во текот на својата работа во Америка помина низ многу фази, постојано барајќи нови можности на изразување, одговарајќи на новите предизвици и продлабочувајќи го своето сфаќање за светот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Теоретски беше емотивна и постојано бараше помош и поддршка од другите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Саше, дојде и почнавме да ги служиме гостите, Брезаи Борче, кои постојано бараа нови кока-коли, а уште ги немаа испиено претходните.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Секојпат кога чуварите ни велеа дека времето за прошетка во паркот е завршено и треба да се вратиме во своите соби во болницата, една девојка го прегрнуваше најблиското дрво легнувајќи на земја, и долго се бореше додека не ја одвоеја, врескајќи: „Јас сум сон на ова дрво!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои постојано бараа спас од демонски сили, но не од оние кои се претставуваа себеси за такви, туку од, за нас другите, невидливи ѓаволски суштества: плукаа во воздхот, бегаа пред воздухот, удираа во воздухот, му се закануваа на воздухот, врескаа преплашено гледајќи во воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојано бараше да се премести во друг шатор.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)