постојано (прил.) - живее (гл.)

Ме научи да гледам со твоите очи, во твоето време... така постојано живеам во твоето... зошто моето одамна го нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И така, чувствувате дека вработениот во Париз постојано живее на тркала, зашто без нив, навистина е невозможно да се пребродат дистанците од домашниот праг до работното место за што некогаш се потребни и часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа беше точно како трабант, како војник на телесната гарда, кој постојано го следи својот господар- животот, кој постојано живее и се одржува духовно и физички во сенката на господарот, како ѕвезда пратителка, како сателит кој го придружува секогаш својот одбран објект.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Имав впечаток дека Илона постојано живее во тој свет, иако беше со нас, заградена со талпи во светот на Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас и Илона заеднички, со повремено вклучување и на Деница и Ниротакис Алимакопулос, ја организиравме акцијата “Елитен секс” на јахтата “Зора” на Големото Езеро.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги свитка слушалките, ги стави во чантата и продолжи: „Досегашново негово противставување на болеста може да се спореди со онаа билка што израснува меѓу шини и која постојано живее во страв од возовите што татнат над неа и од ветрот плашејќи се да не ја прекршат или откорнат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И еден друг човек се разбуди во мене, вели, некој кого не сум го знаела дотогаш, а постојано живеел во мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Раскажувањето од гледна точка на нараторот, дете на интелектуалец, пријател на водачот на козарите, ја предочува реалноста на животот на оние кои постојано живееле како осумничени, за­што не ги споделувале идеите на новиот режим на власта...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)