постојано (прил.) - има (гл.)

Скоро сите (освен оние кои постојано имаат статус на владини протажеа) работат, создаваат, р’мбаат, не за толку и толку копејки, туку за николку.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа ќе рече дека ниедна песна и никогаш исцело не е завршена и дека постојано има место во неа за понов и поинаков пристап.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Да ја претрчаат рамнината на Ревани и Шак и штом се спуштат во Новоселската река - за нив нема да има опасност вели, дежурниот офицер и од очи не го спушта двогледот во кој постојано има отсјај на ракетие што го горат небото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овие денови тој постојано имаше доволно пари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постојано имаше по пет до шест луѓе во црни униформи, кои истовремено се нафрлаа на него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие се отворени по цела ноќ и постојано има посетители.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наспроти скржавиот Куман, чии јавачки гени се задржаа само во грабежлукот, приземен во ковчегот преполн златници, со три катници заклучен, со три синџири закотвен под железната постела, Ѓорѓи постојано имаше отворени прозорци, преполна трпеза и насмеана рака.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ме исполнуваше и тоа што дуќанот беше сместен на сред Трговски, на кое место постојано имав контакт со луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Постојано имав слушано за „неодоливиот импулс да се разголиш“ од разни клиенти.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Импулсот може но не мора свесно да се потиснува, а чинот може но не мора да е предмислен или планиран. (ICD-9-CM) Вебстеровиот речник ја дефинира „присилата“ малку поинаку од „неодолив импулс да се направи некој неразумен чин“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се обиде повторно да заспие но постојано имаше чувство дека некој го демне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таму постојано имаше по неколку кокошки, и често по некое јајце, кое за мене претставуваше вистинска радост, јас да го најдам и јас да го извадам од седелото.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На Онкологија не работеше ехото, а ти постојано имаше проблеми со дробовите кои беа полни со вода.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Поради проблемите што ги имаше од тешката болест, постојано имаше потреба од храна, по цел ден се врткаше околу ресторанот и сакаше да ги пробаш турските специјалитети.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Самиот си се виде како носи цела кутија цигари во џебот на кошулата, или во џебот на палтото, и како постојано има кибрит за себе, и како застанува во трафиките за да си купи кутија цигари.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како на вистински џин, постојано имаат проблеми кога купуваат чевли, никако да се најде негов број.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој еднаш виде и зајак, а мајка ми... за неа да не зборувам, штом ќе излезе и ќе заталка некаде, па ќе се врати по којзнае колку време, постојано има да раскажува за средби со животни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што среќлија е, сè на нив налетува! * * * Откако се вративме во Скопје и откако поминаа неколку дена, брат ми во една пригода ме праша: - Бреза, што ѝ е на мама?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тогаш да го шетаме – се согласив. Никогаш не сум имала куче, иако често сум ги молела моите дома да ми земат едно, па таа идеја да го шетаме Бак многу ми се допадна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Постојано има некои вежби и маневри. Се плашам да не ме соберат и мене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дневникот ретко го раскрилуваше во доцните часови на ноќта, ама една тетратка постојано имаше под мишка било каде да тргнеше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Такви ги запаметивме. Колку ли пати сме ја претрчувале оваа улица се до горе, до затворената железна, дебела и висока порта на кралската палата, пред која тогаш постојано имаше вооружен стражар?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долго време не можев да се повратам, постојано имав некаква несвестица.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Натаму тој изговараше чисти бесмислици, така што ништо не можеше да се разбере; можеше да се види само дека непристојните зборови и мисли му се вртеа само околу истиот тој шинел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали Акакиј Акакиевич ги слушнал овие за него судбоносни зборови, и ако ги чул, дали тие оставиле врз него потресен впечаток, дали зажалил тој за својот макотрпен живот, ништо од тоа не се знае, зашто тој постојано имаше огница и бладаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)