постојано (прил.) - мисли (гл.)

Но јас идам овде, јас постојано мислам за вас, сакам да ве видам, боже колку сакам понекогаш да ве видам!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Постојано мислеше на тој крупен чекор кој можеше да му ја промени заебаната судбина.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Седев така затворена дома, плачев и постојано мислев на тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По некое време повторно скршнавме во некоја од попречните улички.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мене ми беше необично и името и судбината на кутрата заробена река и постојано мислев како ѝ е сега нејзе, под асфалтот, под нашите нозе и под гумите на автомобилите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Згора на сè, постојано мислам на моментите кога пред две недели ги задоволував најниските страсти со едно надарено момче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А постојано мислев дека сум нешто посебно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
ХЕРЦОГ: Постојано мислам дека нешто не е во ред.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Денес останав жив можеби затоа што постојано мислев на тебе...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ампутирав нозе, раце и постојано мислев на Шпанија и на Ференц.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Постојано мислев на дедо ми, кој, како што рече татко ми, „се враќа во своето детство“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сепак ако се одзве кога ќе ја повикаш И ако ја прифати поканата за заедничка вечера Отвори го пликот пред да ја кажеш нарачката Познат е големиот број невалидно изведени договори И лажни тестаменти Постојано мислиш: близу сум до среќата А сомнението ти шепоти: далеку си.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Чанга, се разбира, постојано мислеше на козите кои со векови, биле одгледувани, па сега се уништуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Вистина ти велам“, ми објаснуваше тој, „додека збиравме со мајсторот воздух долу, во утробата на чудовиштето, јас постојано мислев за убавината што ќе ја уживаат билките во дворот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)