постојано (прил.) - оди (гл.)

За г.Бешков попрашајте кого сакате во Битола, било тоа од персоналот на тамошните консулства, било од бугарските учители, било од влашките, било од граѓаните или најпосле од Циганчињата со кои има разговарано г.Бешков, постојано одејќи по градот без работа, и сите ќе ви кажат кој е г.Бешков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мо, тапанарката, беше толку слатка и срамежлива што не ми беше јасно што воопшто бара таму.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќето од тамошните типови беа кул - и освен вообичаените шеги и хистеричната насмевка ништо не се случуваше - но Ингрид Суперстар постојано одеше пред огледалото, го прекриваше лицето со рацете и почнуваше да халуцинира, и тогаш потполно откачуваше и почнуваше да плаче и да зборува „толку сум грозна”, и тогаш сите ги вадеа своите курови и зборуваа од стомак, за да изгледа дека не зборуваат тие туку знааете веќе кој, и тогаш ја тераа да зборува со „нив” - тоа секогаш ѝ го поправаше расположението - но тоа ѝ го привлекуваше вниманието само неколку моменти и тогаш мораа да смислуваат нешто ново - изгледаа како куп очајни бебиситери кои безуспешно се обидуваа да го утешат расплаканото дете.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така, успехот на Девојките од челзи воопшто не мораше да значи дека и другите независни филмови ќе успеат - всушност, тоа дури не значеше и дека нашите филмови ќе успеат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој јануари постојано одевме на 42 улица да гледаме филмови, а потоа по Бродвеј се спуштавме до 68 улица, за да ја гледаме турканицата пред влезот во кино­то каде се прикажуваше нашиот филм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јас имам само една. Баба ми Санда, мајка на татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со тие баби, преку глава ми се, постојано одат кај нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас постојано одам пред неа, си го терам редот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден од оние денови кога бевме под власт на тетка Ана, наминуваа до кај нас чичо и Борче, го зедоа нашиот автомобил што неупотребуван стоеше пред зградата, зашто чичо постојано нема што да вози: сите автомобили ги купува настаро и сѐ нешто ги поправа и преправа, а постојано оди пеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Куќата се исполни со народ. Јас, Саше и Љупчо (пријател на тетка ми Ана), постојано одевме до самопослугата и влечкавме полни торби со пиво, кока-коли, сокови, салами и кашкавали.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Затоа мајка му на Калчо постојано оди кај кметот и го моли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
ПРВАТА ЖЕНА: Оваа, мајка ти, е многу лоша станата, постојано нешто ме боцка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А кога беше дете сѐ на моја страна беше, ми помагаше, од пет годинки ја оставав да ги чува другите деца, беше како мајка, зашто јас морав да го следам дедо ти, постојано одевме на игранки и матинеа во домот на ЈНА, а редовно мене ми се восхитуваа и на убавината и на умот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)