постојано (прил.) - расте (гл.)

На небото се појавија три црни точки и постојано растат во очите на стражарот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не знам каков е трендот во светот ама знам дека во Македонија постојано расте бројот на зависниците од интернет кои секојдневно се дружат со нивното височество фејсбук и скајп.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој мора да биде отсечен од минатото, исто како што мора да биде отсечен и од странските земји, затоа што е неопходно да верува дека нему му е подобро отколку што им било на неговите предци и дека просекот на материјалните добра постојано расте.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За разлика од Стариот Запад, со кој понекогаш се споредува, тој не се ограничува и смалува со текот на времето -туку постојано расте. „Сѐ додека постои технологија ќе постојат и отпадници кои ја користат. Луѓето изгледа не сфаќаат дека 14-годишни деца од улица знаат повеќе за телефонскиот систем отколку техничарите во телефонските компании”, вели Кид. „Тоа најмногу ми влева надеж.“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Беше како калемен со неа, некогаш, далеку во времето, пред да можел да почне да зацврснува и да расте. И постојано растел на тој калем.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И со мајка му живее! - а девојчињата повторуваа: - Ако де! Кутричкиот, колку е сладок! Срцушко!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И двајцата гледавме како старата вода воопшто не ја потиснува новата, како падобранот на дното од шолјата воопшто не се ни помрднува и како нивото на водата постојано расте и расте и расте, сѐ дури во еден миг не се прелеа право врз белиот, мек, беспрекорно чист теписон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со натамошно додавање на зрнца постојано се појавуваат лавини, купата постојано расте но нејзината косина останува иста со достигнатата критична вредност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)