постојано (прил.) - треба (гл.)

Паулина беше скоро сосема слепа, и некој постојано требаше да биде покрај неа, па спиеше на креветот на кој некогаш спиеја нашите родители, а на местото до неа се менувавме Марие и јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие постојано треба да бидат зафатени со занимања и вежби, а потоа со чистење на оружјето (какво оружје си вели во себе, кога го немаат) со колективен разговор, колективно читање, пеење и играње оро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Постојано треба да се развлечуваат границите за да се дојде до она што се смета за невозможно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)