постојано (прил.) - присуство (имн.)

Но неговото постојано присуство и верност, исто така можеа да ја закрепнат надежта дека за ден-два сѐ ќе се измени, да не беше чемерот на душата кој се туткаше од солзите како натопено алиште.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Понекогаш се гушам од неговото постојано присуство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Заклучувајќи дека касметот има универзално значење, дека дури и самото создавање претставува обликување на судбината, Камилски предложи и овој збор да им се придружи на претходните од истиот круг (инаетот, севапот, атерот, аирот), чинејќи посебна целина и означувајќи постојано присуство во балканскиот менталитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски, со текот на работата, ја менуваа првичната замисла строго да се задржуваат на опасните турцизми за конечно обликување на листата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)